Мегафон

Менуваме наративи – ново видео на Аваја

Менуваме наративи – ново видео на Аваја

Граѓанското движење Аваја работи постојано на менување на наративот и зајакнување на идентитетот на Ромите. Движењето Аваја во текот на кампањата попис ја истакнува гордоста на заедницата и ја презентира заедницата со сите вистински квалитети.

Движењето Аваја упатува порака до јавноста дека Ромите се горди на својата етничка припадност.

Во рамки на кампањата за пописот, Аваја го промовираше спотот “Горди Роми” во кој се истакнуваат сите различности во самата заедница. Првата разлика која се истакнува е во однос на јазикот кој се говори од страна на Ромите. Ромите во различни градови говорат различни јазици, на пр. во источниот дел на државата Ромите го говорат турскиот, македонскиот и ромскиот јазик, додека во западниот дел од државата Ромите го говорат албанскиот, турскиот, македонскиот и ромскиот јазик. Другите разлики се однесуваат на религија, градови на живеење, боја на кожа и сл. Промовираното видео ги истакнува различностите и јасно укажува на тоа дека сите Роми се горди Роми, без оглед на различностите.

Сите учесници во спотот се Роми и ги истакнуваат своите карактеристите.

Спотот ќе може да го проследите на ТВ екраните и на социјалните мрежи.

Граѓанското движење Аваја воедно упатува и апел до ромската заедница дека дадените податоци на пописот се заштитени согласно законот. Потсетуваме дека секој еден може да ги провери дадените податоци, задолжително да побара увид во пописниот прашалник (особен акцент на етничката припадност) и да биде попишан од страна на Ром/ка попишувач (право на попишување на ромски јазик).

💪 Сите ние може да говориме различни јазици, да имаме различна религија, да живееме во различни градови, да имаме…

Posted by AVAJA on Sunday, 5 September 2021

To top