Радио Милева „Јас немам проблем“

Огнен Амиџиќ проговори зошто долго време ги нема Ражнатовиќ во неговата емисија: „Прашајте ги Цеца и Анастасија“

Огнен Амиџиќ проговори зошто долго време ги нема Ражнатовиќ во неговата емисија: „Прашајте ги Цеца и Анастасија“

Започнува новата сезона на „Амиџи шоу“, а Огњен Амиџиќ откри дека ќе има многу новитети.

„Секоја сезона е потешка, луѓето се навикнуваат, па треба често да менуваш и освежуваш. Се надевам дека ќе успееме се да реалзираме со некои нови лица и се надевам дека короната нема да не спречи, тоа е најголемиот проблем. Искрено се надевам дека ќе се избориме со таа ситуација. Имаме нови рубрики, нови игри. Ќе биде поразлично од претходната сезона, се надевам дека здравствено сите ќе бидеме добро“, вели Огњен.

Во неговата емисија, долго време гости не се биле Анастасија и Цеца Ражнатовиќ, а тој сега откри зошто тоа е така.

„Тоа ќе мора нив да ги прашате, јас не знам….Имаше мубет дека ќе дојдат, останавме да се договориме, но после тоа не се слушнавме. Од моја страна нема проблем, ќе мора нив да ги прашате“, вели Амиџиќ.

фото: ало/пинк промо/принтскрин

To top