Радио Милева заљубена

Повеќе не го крие: Ова е 18 години помладото момче на Моника Белучи (фото)

Повеќе не го крие: Ова е 18 години помладото момче на Моника Белучи (фото)

Моника Белучи е една од најубавите актерки во светот, па дури и во петтата деценија изгледа одлично и има 18-години помладо момче.

Момчето на Моника Белучи

По разводот со Винсент Касел, француски актер, во 2013 година со кого има две ќерки, Дева и Леон, долго време се шпекулираше за нејзиниот љубовен живот.

Моника во последно време се појавува во јавноста со Николас Лефебвре, француски скулптор и поранешен модел. Се смета дека се во врска од 2017 година.

– Веќе некое време сум со истата личност и се е во ред. Тој не ја работи истата работа како мене, но патува многу. Така што неговото темпо на живот му овозможува да го разбере моето – изјави Моника Белучи за француските медиуми во 2019 година.

Лефебвре е првиот човек со кој Моника јавно се забавува откако се разведе од сопругот Винсент Касел во 2013 година. Лефебвре има 37 години и живее во Париз.

Пред Винсент, Моника беше во брак со фотографот Клаудио Бас во 1990 година, но тие се разведоа по четири години. Во 1996 година, таа одигра важна улога во францускиот филм „Апартман“, каде што го запозна Винсент Касел, со кого подоцна се омажи, и интересно е што двојката живееше во одделни станови.

 

фото: инстаграм

To top