Радио Милева Српски ТВ „Икар“

Ами Џи „лета во облаци“: Огњен Амиџиќ во новата сезона не планира да влезе во студио… туку „да слета“ (ФОТО)

Ами Џи „лета во облаци“: Огњен Амиџиќ во новата сезона не планира да влезе во студио… туку „да слета“ (ФОТО)

Актуелни и ексклузивни гости, луди игри и препознатливот хумор на Огњен Амиџиќ ве очекуваат во новата сезона на неговата авторска емисија „Ами Џи шоу“, која започнува со емитување во вторник, на 7-ми септември во добро познатиот тајминг  од 22 часот.

Бидејќи тој често сака да ги предизвикува своите гости, продуцентите решија да го предизвикат и него – да го проба летечкиот автомобил, патент на газдата на „ТВ Пинк“,  Жељко Митровиќ.

Огњен предизвикот го прифати без размислување! Дали, само за фотографирање, или тој  навистина ќе ја испроба и познатата рачна лансирна ракета?  Кој знае, можеби во новата сезона на шоуто,   Ами Џи  ќе „лета во облаци“, па Огњен Амиџиќ во новата сезона не планира да влезе во новото редизајнирано студио… туку „да слета“ во летечки автомобил!

Фото: ТВ Пинк/промо

To top