Поранешната девојка на Дарко Лазиќ, хрватската пејачка Оливера Матијевиќ, наводно ќе влезе во „Задруга 5“.
Атрактивната бринета наводно им ветила на продуцентите дека ќе открие се за нејзината врска со народниот пејач.
– Оливера е на одмор во Италија, но наскоро ќе дојде во Србија да потпише договор.
Таа не планира да влезе во реалното шоу на почетокот, туку по еден месец – вели извор за Информер и додава дека Хрватката и стана позната на пошироката јавност токму поради поврзаноста со Лазиќ.
– Оливера често настапуваше со него, а тој инсистираше таа да се пресели во Србија за да можат да поминат што е можно повеќе време заедно. Сепак, Дарко се уште беше во брак со Ана Севиќ кога почна да ја гледа … Ја излажа дека се развел, а всушност седел на две столици. Кога Оливера дознала, го откачи. Сега планира да ги открие сите тајни на Дарко во реалното шоу – истакна изворот.
Лазиќ очигледно е слаб кон пејачките, па по бракот со Ана Севиќ и врската со Оливер Матијевиќ, планира да се ожени со друга фолк пејачка, Барбара Бобак.
фото: инстаграм/оливера матијевиќ