Продукцијата која стои зад филмот „Стела“ објави дека наскоро ќе биде промовиран албумот со целата музика од филмот, и тоа на винил. Винилот ќе биде издаден за дискографската куќа ПМГ Џез. Музиката за првиот македонски детски филм ја работеше Оливер Јосифовски и „Љубојна“. Тие во јули 2020-та година објавија сингл „Љубов по Татунчо“, кој е само една од нумерите специјално подготвени за филмот на режисерот Стојан Вујичиќ. Наедно, „Љубојна“ со овој настап одбележуваат 20 години од своето постоење на музичката сцена.
Мегафон
изданија