Радио Милева крвна врска

Синот на Аркан од првиот брак има брат близнак кој сите го виделе, ама малкумина знаат кој е: Војин и Никола се близнаци (ФОТО)

Синот на Аркан од првиот брак има брат близнак кој сите го виделе, ама малкумина знаат кој е: Војин и Никола се близнаци (ФОТО)

Војин Ражнатовиќ, синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан од првиот брак со Наталија Мартиновиќ, е активен на социјалните мрежи. Но само малкумина знаат дека тој има и  брат близнак Никола, кој веќе подолго време не се појавува во јавноста.

Сега Војин потсети на него, откако објави нивна заедничка фотографија на Инстаграм. Имено, тие го слават роденденот, па оваа година Никола одлучи да го изненади својот брат и заедно да го прослават.

„И погледнете кој се појави да го прославиме роденденот заедно“ – напиша Војин под задничката фотографија. Никола со години живее во Лос Анџелес, каде што се пресели со својата мајка, братот и сестрите Милена и Маша.

Последен пат беше виден на споменот на неговиот татко во 2015 година. Ги заврши студиите во Америка, а инаку се појави и во спотот „Неваљала“ на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Војин и неговиот брат близнак Никола студираа глума и работеа во клубови во Лос Анџелес, Лас Вегас и Палм Спрингс.

Фото: Инстаграм принтскрин/vojinraznatovic

To top