Пејачката Гоца Божиновска стана баба пред неколку недели кога нејзиниот син Мирко Шијан стана татко. Сега снашката, Бојана Родиќ, ја објави првата фотографија од нејзината свекрва на која се баба Гоца и нејзиното внуче, Зоран Шијан.
Мирко и Бојана редовно ги информираат своите следбеници за нивните родителски денови, а сега на на Инстаграм се појави првата фотографија од бабата и внукот.
Бојана ја фотографираше пејачката како го храни бебето.
„По доењето, баба го дохранува“ – напишала новата мајка.
„Знаат се’ и сами се снаоѓаат. Секој половина час се качувам горе кај нив само за да ѕирнам и да го видам Зоран, ќе почнам да им пречам, ќе ме избркаат! Чекам да се уморат за да ми кажат да го земам внукот кај себе. Ќе бидам баба со најдобрата линија, колку пати дневно одам горе – долу“, рече неодамна Гоца.
Фото: Инстаграм принтскрин/bojana__rodic