Северина (49) почнала да се занимава музика и да настапува на фестивали уште многу млада. По нејзиниот деби албум „Северина“ од 1990 година, пејачката започна да соработува со Кроација рекордс.
Првото момче со кое атрактивната сплиќанка се појави во јавноста беше пејачот на групата „Којоти“, Ален Марин. Тие двајца имаа „кратка, но бурна врска“, па се верија во раните 90-ти. Така, Ален стана „првиот познат“ од свршениците на Северина.
Раскинаа мирно и без многу медиумска помпа, а тој подоцна се ожени со театарската актерка Горана Врдољак, со која има и ќерка.
Во 2004 година, сплиќанката го издаде албумот „Севергрин“, кој ги вклучуваше сингловите „Хрватица“ и „Адам и Севе“. Во летото истата година, протече порно снимката од јахтата, а пејачката тогаш беше верна со претприемачот Среќко Варгек. Двојката наводно раскинала поради снимката.
Во 2005 година, Сева се заљуби во тогашниот 26-годишниот претприемач Мато Шуjак, а тие раскинаа по нешто повеќе од една година врска и свршувачка. Сплиќанката еднаш рече дека тие раскинале човечки и дека виновникот за нивното разидување не е трето лице.
Во летото 2008 година, Северина започна врска со поранешниот келнер и претприемач Славко Шајиновиќ, и парот се вери. Почнаа да градат трикатна куќа над Ичиќи, а веќе го испланираа и распоредот на собите.
По две и пол години врска, Северина го напушти поради „српскиот крал на бакарот“ Милан Поповиќ, во кого се за вљуби додека му пееше на неговата роденденска забава. Кон крајот на 2011 година, таа го објави својот единаесетти албум „Добредојдовте во клубот“, а следната година стана мајка. Една година подоцна, нејзината врска со Поповиќ „се распадна“.
Во Македонија, во 2014 година, ја освои наградата за најдобра пејачка во регионот, за најдобар албум на годината и за најдобра регионална турнеја. Во ноември истата година, таа се омажи за поранешниот фудбалер, сега фудбалски менаџер Игор Којиќ, син на прославениот српски фолкер Драган Којиќ – Кеба. Северина и Игор беа во брак шест години. Се венчаа во црква во Истарски Бали во септември 2015 година во кругот на семејството и пријателите, а во матичната служба еден месец подоцна во Белград, пред околу 600-тини званици.
Договорија развод, кој го завршија неодамна, во судот во Загреб, пет дена по поднесување на барањето, откако претходно не живееја заедно една и пол година.
Најновите медиумски шпекулации велат дека Севе откако одново е слободна жена, сега му фрлила око на уште еден познат и славен Србин.
Се работи за популарниот актер Милош Биковиќ, кого го заследила, го лајкува и опсипува со комплименти, коментари и емотикони на Инстаграм?!
Фото: Инстаграм принтскрин/severina