Мегафон на „ТИ“ со македонскиот политичар

Приватниот живот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски: Охриѓанец во Скопје, а најмногу Македонец (ВИДЕО)

Приватниот живот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски:  Охриѓанец во Скопје, а најмногу Македонец (ВИДЕО)

Тој во политиката е речиси целиот свој живот. Во не влегува уште како многу млад, за на свои 22 години да стане најмладиот пратеник во Македонскиот парламент. Родум охриѓанец, од својата 17-та година скопјанец, а најмногу Македонец. Така барем вели дека најмногу се чувствува. Охрид се’ уште му е во срцето, за посета на родителите, роднините, средба со пријателите, за одмор, за прошетки покрај езерото, по Галичица… Но, ги сака сите убавини на Македонија.

Како мал тренирал теквондо, а е и бивш баскетџија, па откако ја скинал ахиловата тетива постојано води борба со килограмите, најмногу со пешачење и внимавање на исхраната, за која вели дека е клучна. Го обожува спортот, НБА, тенисот, многу го почитува Ѓоковиќ, но повеќе е за Федерер, го сака боксот, особено пред неговата комерцајилазација и ракометот кој е спорт број еден во Македонија.

Мајка му посакувала да стане лекар, зашто бил првенец на генерацијата во средното училиште, но нему политиката му била прва и се’ уште актуелна љубов, ја работи со исклучителна посветеност и не зажалил што  се определил да се занимава со неа професионално и со стручна наобразба како дипломиран на Факултетот за политички науки.

Каков е како домаќин, како функционира во бракот со сопругата, дали пере, пегла, готви, му пречи ли постојано да е во костум и вратоврска, каква музика сака да слуша, рок ен рол или електронска музика, техно и ДЈ -и, има ли анегдоти кои му се случиле, а јавноста не ги знае и уште многу нешта од приватниот живот, денес на ТИ, во утринскиот Магазин на ТВ Сител со гледачите и јавноста ги сподели  потпретседателот на најбројната македонска партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Овој пат политиката и политичките збиднувања ги остави зад себе, па ја отвори душта за она што за него го знаат само најблиските… Слушнете од него, од прва рака, како изгледа неговата „друга страна“ од животот, надвор од политиката, во видеото во продолжение:

To top