Овие денови во центарот на вниманието се Наташа Беквалац и Лука Лазукиќ кој наводно извршил физички напад врз неговата сопруга.
Меѓутоа, за „Блиц“ Лука вели дека тој не ја нападнал Беквалац, туку таа прва го нападнала и дека нејзините модринки се последица на антицелулитни масажи.
Дури тој ја и обвини Наташа дека можеби таа сама ги нанела повредите
-Зошто е невозможно? Јас не сум крив, нека одлучи судот. Секако дека ќе се борам за вистината. Не само за мојата, туку за сите мажи кои го доживеале ова од неа која работи по шаблон, вели Лука.
На прашањето како жена со помалку од 60 килограми може да го нападне мажот, Лазукиќ одговорил:
-Таа жена е подготвена на сè. Дали може сама да се повреди, дали може сама да си нанесе рани? Јас бев во станот на моите родители бидејќи дојдов по моето дете кое спиеше тука, па да одиме на фармата. Тогаш дознав од медиумите, во шок сум два дена, вели Лука.
Тој истакна дека сите проблеми започнале кога се вратиле од медениот месец и кога разговарал со пејачката дека треба да ги намалат трошиците и дека не може со неговите пари да ги исполнува нејзините желби и непотребни трошоци, како што е одењето на Ибица или финансирањето на фарма од негови пари.
-Јас не извршив насилсвто врз сопругата, ниту ја влечеов по домот, ниту ја удрив во раната од царскиот рез. Од каде и се модринките, прашајте ја неа. Ако таа не знае, тогаш ќе потврди судот и судски вештак. Јас сум против насилството на жените, а уште повеќе сум против лажни пријави поради коритољубие, изјави Лука.