Најпознатата регионална старлета Станија Добројевиќ имала договорен разговор со продукцијата на реалното шоу „Задруга“ за евентуално нејзино учество во неговата петта сезона, но тоа не се случило бидејќи, на пат за Белград Станија имала сообраќајна несреќа.
Таа и нејзиното момче Марко Марковиќ доживеале сообраќајка враќајќи се од Италија кон Нови Сад по што потоа требале да заминат и за Белград на закажаната средба во Пинк.
„Не возев јас, туку Марко. Се враќавме од море. Камионот целосно ја собра и изгреба едната страна од нашиот автомобил. Фала му на Бога, добро сме, но автомобилот е прилично уништен. Сега сум спречена да дојдам во Белград, но еве ме кај вас деновиве“ – раскажала Станија во телефонскиот разговор со луѓето од продукцијата, одложувајќи го договореното интервју.