Радио Милева нокаут без предупредување

Му приоѓа и од чиста мира го удира со тупаница в лица: Осамна видео од нападот на Драган Бјелогрлиќ врз режисерот Гага Антонијевиќ (ВИДЕО)

Му приоѓа и од чиста мира го удира со тупаница в лица: Осамна видео од нападот на Драган Бјелогрлиќ врз режисерот Гага Антонијевиќ (ВИДЕО)

Актерот Драган Бјелогрлиќ го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ, а на социјалните мрежи се појави видео од нападот. Инцидентот се случил во Ниш, каде се одржува филмскиот фестивал, во нишкиот хотел „Амбасадор“ во четири часот наутро.

На видеото се гледа како Бјелогрлиќ му приоѓа на Антонијевиќ одзади и го напаѓа од чиста мира.

Според медиумите, во моментот на нападот, Антонијевиќ седел со Владимир Кецмановиќ, уредникот на културната редакција на РТС, кој исто така е сведок на овој немил настан. Шокирани гости станале и пришле да ги разделат актерите.

Погледнете како тоа изгледало:

Фото: Јутјуб принтскрин

Видео: Јутјуб

To top