Новите Ковид мерки го пореметија животот, го поделија народот, ги „осакатија“ трговците, најмногу кафанџиите и угостителите, ја умреа ивент индустријата, ја унишптија забавата… Едноставно, за половина од народот – „нема живот“! Селективни, неболузни, неиздржани, ступидни, нехумани, медицински неоправдани, задоцнети… и уште иллјада други „фалинки“ можат да им се најдат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата на нивните „килави“ новокомпонирани протоколи кои ги наметнаа „пост фестум“ среде експанзија на на новиот бран од пандемијата, наместо тоа да го направат многу порано, како превентива, пред тој да ни се случи.
Арно ама, македонскиот народ е познат по тоа што „на секое грнче му нашол капаче“, на секое дупче – затка“, во секој закон – дупка… па така и овој пат! И тоа сосема легално, без фалсификати, без лаги и измами, без фејк дозволи и фалца сертификати, прилепчани, во стилот на Итар Пејо најдоа начин како да го надитрат законот, а да не се виновни, и истиот да не ги качи.
Не си вакциниран, немаш ни прелажано Ковид-19, ПЦР тест не се исплати да правиш… а ти се пие кафе во друштво, ама не дома? Нема проблем! Повели слободно! И тоа во пакет сосе паркинг, за ефтини пари со сите салтанати, без ризик некој да те проверува, малтретира, бара вакцинални докази, казнува… Седи и уживај еден час, терај си муабет, пиј си кафенце на раат на паркинг пред кафуле и сето тао за евтини пари!
Пакет: маса со 4 столчиња, макијато + еден час паркинг пред кафуле – за само 90 денари! Прилеп, е*аго!