Мегафон

Свечено доделување на наградата „Роман на годината“ пред МКЦ

Свечено доделување на наградата „Роман на годината“ пред МКЦ

Свеченото врачување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе се  денес  (среда, 18 август) на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 20.30 часот.

Годинашен лауреат е романот „Скриени желби, немирни патувања“ на Владимир Јанковски („Антолог“, 2020). Годинашната петчлена жири-комисија, во состав Оливера Николова (претседател), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Грозданоски и Катерина Богоева, со мнозинство гласови го избра овој роман, во конкуренција на 40 пристигнати романи.

Генерален покровител на наградата е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а наградата е поддржана и од Министерството за култура на Република Македонија. Наградата се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

To top