Минатиот викенд, Северина настапи во еден ноќен клуб во Примоштен, каде доживеа мала незгода на сцената, во која пејачката добро се снајде. Додека ја пееше и играше на песната „Италијана“, на Северина микрофонот ѝ се лизна од раце.
Пејачката брзо успеа да го дофати за кабелот за да не падне на подот, а потоа ги изненади присутните. Микрофонскиот кабел ѝ послужи како јаже кое таа го прескокнуваше неколку пати, потсетувајќи на игрите од детството, но и покажувајќи дека е во добра форма и одлична физичка кондиција, па дури и подготвена за егзибиција. По овој свој потез Севе доби овации од публиката.
Како таа се снајде и сетоа тоа го изведе, погледнете го видеото во продолжение:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/severina