Поранешните ријалити учесници Тара Симов и Ненад Алексиќ – „Ша“, чија љубовна романса беше една од главните теми во „Задруга 4“, неодамна ја завршија својата врска, а деталите за раскинувањето се’ уште се обвиткани со вел на мистерија.
Но, Тара изгледа прва ја расчисти маглата, но и ги разбранува духовите, откако вечервечер излезе, а една фотографија споделена на нејзините Инстаграм приказни особено ја заинтригира јавноста.
Имено, Тара прикачи фотографија, на која јасно се гледа како ја ставила својата рака врз раката на непознат маж, па сега веднаш сите се прашуваат дали ова е нејзиното ново момче?
Фото: Инстаграм принтскрин/tarinjofanpage