Јавна тајна е дека српската естрада, особено трубо фолкерите се подготвенаи на се’, па дури и да паднат ниско под сопственото реноме, а на моменти и човечкото достоинство само да извлечат што е можно поголем бакшиш од пијаните гости.
Еден од оние што можат да се закитат со најмногу вакви понижувања е турбо-фолкерот Радиша Трајковиќ – Ѓани.
На видео снимката од една веселба која кружи по социјалните мрежи, се гледа како 48-годишниот српски турбофолкер седи на земја среде локалот со грст пари пред себе и во рацете, па дури и залепени крупни банкноти евра на челото, додека еден од пијаните гости му дава на пејачот да пие нешто, веројатно некаков алкохол, ни помалку ни повеќе, од неговиот тукушто собуен чевел.
„И што велите, корона, децата не можат на училиште“? – гласи во описот на објавеното видео.
Образот велат нема цена, но очигледно кога е во прашање српската турбо-фолк сцена сѐ има своја цена. Со реномето се брише подот, а достоинството се голта и од туѓ чевел… за некое евро повеќе!
I šta kažete, korona, deca ne mogu u školu pic.twitter.com/sklhg9w2hj
— Lažna ekonomičnost (@nikatojeee) August 15, 2021