Радио Милева

Ријана на мета на критики: И покрај тоа што е најбогатата пејачка на светот, што и да облече изгледа евтино

Ријана на мета на критики: И покрај тоа што е најбогатата пејачка на светот, што и да облече изгледа евтино

Пејачката Ријана синоќа била фотографирана во Њујорк. Папарацо фотографите успеале да ја „уловат“, а сите го коментирале нејзиниот стајлинг.

Луѓето најчесто коментирале дека убавицата од Барбадос е една дама која никогаш нема да знае како да се облече.

Имено, Ријана за оваа опуштена вечер избрала да носи скинати фармерки со црвена постава кои ги искомбинирала со шарена маичка со длабоко деколте.

Како тоа да не било доволно, па Ријана одлучила стајлингот да го комплетира со жолта свилена марама и војничка чанта, со сандали на потпетица чии ремчиња ги врзала над глуждовите.

Инаку, „Форбс“ објави дека Ријана е најбогатата музичарка на светот, со богатство вредно над 1,5 милијарди долари, а многумина коментирале дека пејачката е доказ дека не постојат пари кои можат да ви го купат стилот, како и дека нејзиниот стајлинг изгледа евтино.

Што мислите вие?

Поврзани теми

To top