Радио Милева

Ријалити ѕвездата откри тајна која ја криела 20 години: Поради Ковид го променила изгледот

Ријалити ѕвездата откри тајна која ја криела 20 години: Поради Ковид го променила изгледот

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан им се довери на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм и открила детаљ кој никој не го знаел за неа. Имено, Кардшијан често можеме да ја видиме во слични комбинации.

Долга права коса, природен изглед на шминка, голем задник и широка насмевка се само дел од пакетот кој тие го “промовираат”.

Меѓутоа, Клои Кардашијан неодамна ги шокираше сите кога осамнаа фотографии од младоста. Иако сите ја знаеме како атрактивна бринета, некогаш и русокоса со долга, бујна и рамна коса, Клои всушност цело време ја криела вистината. Имено, нејзината природна коса е кадрава, поточна таа има афро локни.

Таа сподели фотографија на Инстаграм на која објаснила дека веќе со години користела производи за исправување на косата.

“Веќе со години користам производи и третмани за исправување на локните. Со години користев бразилски третман на косата, но и други различни уште кога бев тинејџерка. Престанав поради Ковид, всушност сега ми се допаѓаат моите локни”, напишала Клои.

Бројните фанови на Клои се воодушевиле со нејзиното природно издание, па ја советувале да продолжи со оваа фризура.

Поврзани теми

To top