Радио Милева скромно

Од трошна куќа до семеен дом: Вака изгледа куќата на Душко Тошиќ на село (фото)

Од трошна куќа до семеен дом: Вака изгледа куќата на Душко Тошиќ на село (фото)

Куќата на Душко Тошиќ во селото Орловат, во близина на Зрењанин, од трошна куќа се претвори во семејна вила, а за сето тоа е задолжен сопругот на Јелена Карлеуша.

Денес, Душко Тошиќ има сe што ќе посака, луксузна вила на Дедиње, скап автомобил, летува во најдобрите хотели, а сепак не ги заборави вистинските вредности на кои родителите го учеле како момче, но се обиде да ги пренесе на ќерките Атина и Ника.

Роден во селото Орловат, во близина на Зрењанин. Иако во семејството секогаш имало љубов, тој пораснал во тешки услови.

– Мојот Душко беше во интернат неколку години за да оди на училиште и да игра фудбал, имаше редовни оброци таму, што е многу важно за детето во развој. Сега е многу успешен и ние сме многу горди на него. Тој го оствари својот сон. Живее во голем град. Јас и мојата сопруга сме стари, живееме тука затоа што е убаво. Природата е околу нас, свеж и чист воздух. Ништо не пропуштаме, и би сакале нашите внуци да трчаат низ дворот. Не знаете колку убаво играат Атина и Ника овде, изјави таткото на Душко.

Трошната куќа во која пораснал Душко била исполнета со љубов, но условите за живот во неа биле тешки. Сепак, познатиот фудблер ја реновираше куќата во која порасна. Меѓутоа, поради бројните обврски кои ги имаат Јелена и Душко, најголемиот дел од времето таму го поминува мајката на Тошиќ.

фото: драган удовиќиќ/зоран јевтиќ/принтскрин/јутуб

To top