Радио Милева

Автомобилот на НБА ѕвездата Лука Дончиќ привлекол големо внимание во Хрватска

Автомобилот на НБА ѕвездата Лука Дончиќ привлекол големо внимание во Хрватска

Нема сомнеж дека еден од најдобрите кошаркари во светот, Лука Дончиќ, е голема ѕвезда каде и да се појави, но овојпат за момент славата му ја одзел автомобилот.

Додека НБА ѕвeздата ужива на заслужен одмор во Хрватска, сите погледи биле насочени во него, особено по Олимписките игри.

Треба да се каже и дека Лука имаше исклучително напорна сезона зад себе, а можноста малку да се опушти ја нашол на островот Крк во Хрватска.

Репрезентативецот на Словенија на одмор пристигнал со својот луксузен автомобил – „Lamborghini Urus“ кој вреди околу 500.000 долари, па така привлекол уште поголемо внимание кај туристите, но и жителите на островот.

Да ве потсетиме, Лука пред неколку денови потпиша нов „супермакс“ договор со Далас вреден неверојатни 207 милиони долари, па поради тоа не е ниту чудно што дел од своите пари ги троши и на автомобили.

To top