Радио Милева

Пејачката му зададе нов удар на Алекс Родригез, а еве како тој го поднесе тоа! (ФОТО)

Пејачката му зададе нов удар на Алекс Родригез, а еве како тој го поднесе тоа! (ФОТО)

Пејачката Џенифер Лопез (52) и поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез (46) ја раскинаа веридбата на почетокот на годината, а сега латино дивата го „избриша“ и од виртуелниот живот.

Имено, по раскинувањето, тие двајца немаат контакт, а Џеј Ло сега ги избриша сите фотографии со Родригез на социјалните мрежи и го отследи.

Од друга страна, Алекс не го стори тоа, па се уште има многу фотографии со пејачката на својот профил на Инстаграм, и се уште ја следи на оваа социјална мрежа.

Да се потсетиме, кратко по прекинувањето на свршувачката, Џенифер започна врска со актерот Бен Афлек, со кого пред 17 години требаше да стапи во брак.

Бенифер, како што тогаш ги нарекуваа медиумите, тогаш беше најпознатата двојка во светот на шоу-бизнисот, а ги разоружаа сите кога објавија дека се разведуваат. Во последните денови се шпекулираше дека пејачката ќе се пресели во Лос Анџелес за да биде поблиску до избраниот, како и дека двојката во моментов размислува за купување вила вредна 85 милиони долари.

To top