Џенифер Лопез и Бен Афлек по 17 години повторно ја обновија нивната љубовна врска. Парот е толку заљубен што размислува и за заеднички дом, пишуваат медиумите.
Наводно, Бен и Џеј сакаат вила која ќе е полна со луксуз. Наводно, тие неодамна разгледале вила која чини 65 милиони долари, но не ги освоила.
Возејќи се по Лос Анџелес, тие наишле на вила вредна 85 милиони долари на Беверли Хилс.
Куќата има 12 соби, 24 бањи, пентхаус за гости, сместување за личности и куќа со две спални. Исто така има и паркинг за 80 луѓе.
Исто така има и спортски терен во кој се вклучени боксерски ринг, кошаркарски терен…
Еве како изгледа вилата која планираат да ја купат Бен и Џеј.
фото: Patriot Pics/BACKGRID/Backgrid USA/Profimedia