Радио Милева

И после толку години: Не е Јулија, ама македонската пејачка сè уште чека на Ромео! (фото)

И после толку години: Не е Јулија, ама македонската пејачка сè уште чека на Ромео! (фото)

Калиопи Букле има многубројни хитови зад себе, на кои како автор се потпишува и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил.

„Дона“, „Црно и бело“,  се само некои од хитовите на пејачката зад кои како автор  стои самата Опи и Грил. Калиопи отсекогаш му ја давала довербата на Ромео и заедно создадоа вистински хитови кои и ден денес се популарни на просторите на поранешна Југославија.

Иако Калиопи и Ромео се разведени, тие и понатаму се во контакт и соработуваат на професионален план.

Паметни луѓе сме и имавме квалитетен однос. Ромео и јас се разделивме, а веќе наредната година отидовме во студио и направивме албум. Некому е тоа чудно но не и нам. Ромео е моето главно рамо за плачење и ден денес. Она што тој мора да го издржи е приказна за себе, изјави Калиопи во една прилика.

Опи на фановите им подготвува нова песна, а и овој пат очигледно својата доверба ќе му ја довери на Ромео, кој сигурно за поп- дивата ќе напише безвременски хит.

На својот Инстаграм профил таа објави фотографија, а во описот напиша: Додека го чекам Ромео со нова песна, јас имам многу што да направам.

While I’m waiting for Romeo’s new songs… I have a lot to do!?

A post shared by Kaliopi Official (@kaliopibukle) on

Не се сомневаме дека нивната непрекината соработка ќе даде одлични резултати.

To top