Радио Милева

Се врати на старата љубов? Селена и Џастин повторно заедно! (ФОТО)

Се врати на старата љубов? Селена и Џастин повторно заедно! (ФОТО)

Се шпекулира дека Селена Гомез ја раскинала врската со пејачот од „ The Weeknd“ и се вратила на поранешното момче.

Џастин Бибер (23) и Селена Гомез (25) биле во врска дури шест години, но раскинале неколку пати. Нивната романса била зачинета со многу драми кои се одвивале пред очите на јавноста.

Една обожавателка на Џастин тврдела дека е бремена од него, па затоа набрзо се верија, па неколку пати еден со друг се изневерија.

И двајцата биле на клиника за рехабилитација. После последното раскинување, тој објавувал нивни стари интимни фотографии, па се фалел со новите девојки, а Селена го прозвала дека е лицемерен, додека нејзиното семејство рекло дека никогаш нема да го прифатат како дел од животот на Селена.

Парот на крај се смири, па се разделија во добри односи. Бибер продолжил со својата романса со модели, а Гомез ја пронашла љубовта во музичарот „The Weeknd“ со кој сега ја раскина врската.

Сега Селена и Бибер повторно се гледаат. Тој отишол во нејзиниот дом после полноќ. А се сретнале и на заеднички доручек и разговарале со часови.

To top