Српската пејачка Славица Чуктераш пред точно една недела итно беше хоспитализирана по повредите кои ги доби во својот дом.
Пејачката иако требаше да ја напушти болницата, поради компликации е задржана, пренесуваат српските медиуми.
-Таман кога помислив дека состојбата ми е поправена ме изненадија компликациите. Раната која зарасна се отвори повторно и морав да пијам антибиотик на секој половина час. Страшно, морам се уште да останам во болница иако требаше да одам дома, баш сум баксуз, вели Чуктераш.
Таа додава дека се радувала на излегувањето од дома, но сега не се знае уште колку време ќе биде заробена за болничкиот кревет.
Инаку за потсетување, пејачката се повреди во својот дом минатата недела, а до несреќата се уште не знае како дошло.
-Во текот на раскревањето на домот, собирав шишиња од вода, сокови… еден сок стоеше со денови и знаев дека е расипан, го земав и сакав да го истурам во тоалетот, откако го отворив само малку капачето ми летна во моето око. Само седнав на подот…, напиша пејачката по несреќата.