Познатата актерка Кристина Еплгејт, препознатлива по улогата во ТВ -продукциите „Брачни води“, „Американски психо“, „Напад на Марс“, ја објави многу изненадувачката вест дека боледува од мултиплекс склероза
Преку својот профил на Твитер, таа искрено зборуваше за својата состојба, а дека не е оставена без мотивација, кажува и самиот факт што се бореше со ракот на дојката.
„Поздрав пријатели. Пред неколку недели ми беше дијагностициран МС.Ова ми беше чудно патување, но ја имав поддршката од луѓето кои ги знам, а кои боледуваат од исто. Ова беше тежок пат, но како што сите знаеме животот оди понатаму, освен ако некој идиот не блокира сѐ повторно “, напиша таа на Твитер.
Hi friends. A few months ago I was diagnosed with MS. It’s been a strange journey. But I have been so supported by people that I know who also have this condition. It’s been a tough road. But as we all know, the road keeps going. Unless some asshole blocks it.
— christina applegate (@1capplegate) August 10, 2021
Кристина ја замоли јавноста да ја почитува нејзината приватност, и за да си обезбеди сигурна иднина за време на лекувањето со ракот, се одлучи за билатерална мастектомија.
Денес, Еплгејт има своја фондација која им помага на дами во истата животна борба.
фото: принтскрин/инстаграм