Радио Милева маркетинг?

„Хурикејн“ влегуваат во Задруга 5?

„Хурикејн“ влегуваат во Задруга 5?

 

Сања Вуќиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ, девојките од групата „Хурикејн“  наводно ќе влезат во „Задруга 5“.

Како што пишува „Информер“, овагодинешните претставнички на Евровизија наводно преговараат со продукцијата.

-Продукцијата неодамна ги поканила девојките на разговор и им предложи да влезат во „Задруга“. Беа изненадени, но им се допадна идејата. Ги убедија дека тоа би било одличен потег бидејќи би имале 24 часа би имале бесплатна реклама, вели извор.

Николиќ наводно се воодушевила од понудата, додека пак Вуќевиќ и Кнежевиќ сакале да размислат.

„Ивана смета дека одлично ќе се снајдат во Задруга и тоа ќе им помогне во кариерата, па ги убедува да прифатат. На состанокот им кажа: „Па и Марија Шерифовиќ влезе во „Фарма“ после Евровизија и еве каде е сега“, вели изворот и додава дека е Ивана се труди да ги убеди своите колешки.

„Сања и Ксенија размислуваат дали поради короната ќе им бидат откажани настапите. Ако има нови ограничувања, сакат тоа да го искористат и да се промовираат во реално шоу. Пред да одлучат, Ксенија сака да се посоветува и со нејзиниот татко Кнез, кој учествуваше во „Преживеани“. Наскоро ќе имаат уште еден состанок, но како стојат работите, најверојатно ќе потпишат договор“, заклучи изворот.

Сопствениците на реалното шоу одлучиле да го одврзат ќесето за да петта сезона биде најдобра, па покрај Хурикејн одлучиле да внесат уште некои нови лица.

фото: Оливер Буниќ/рас србија/В. Шпорчиќ/рас србија/

To top