Шармантната, убава, позитивна водителка и новинарка Анастасија Деа Богданоска која имавме прилика да ја гледаме секое утро на Алфа телевизија, една година беше отсутна од ТВ екраните поради породилно отсуство – односно остана бремена и во јули претходната година стана мајка.
Анастасија и нејзиниот сопруг Богдан Илиевски Бетмен ја добија ќерката за која го одбраа името Дениција.
Деа во текот на бременоста често објавуваше фотографии од трудничкото стомаче, а и откако се породи објавува фотографии од едногодишната ќеркичка на која и посветува емотивни пораки или пак покажува како го поминува времето.
Популарната двојка неодамна го прослави првиот роденден на Дениција, но и направија свадба во кругот на блиските пријатели, роднини…..
Деа помина повеќе од една година дома, пауза од работењето поради бременоста, а тогаш и фатија карантините поради короната, па таа уживаше пред и по бремноста.
Меѓутоа, по една година, водителката се врати на својата стара љубов – водителството.
Како што објави во кусите приказни на „Инстаграм“, таа се вратила на работа. Имено, Анастасија објави фотогорафија од студиото на телевизијата и од утринската програма „Добро утро секое утро“ од која и таа беше дел претходната година.
„Добро е што се вратив назад“, напиша таа.
Според приложеното може да се забележи дека Деа по една година откако стана мајка изгледа одлично.