На социјалните кружи снимка од пејачката Тијана Милентијевиќ која на еден настап доби бакшиш од 10 000 евра.
Видеото на кое се гледа како и лепат пари на Тијана на чело, ги подели следбениците на социјалните мрежи кои започнаа да ја навредуваат.
„Тијана, не е ни прва, ни последна која зема бакшиш на прослава на која настапуваше со Ѓани. Кога видео дека и лепат пари од 500 евра, започнаа да ја навредуваат, а некои дури и да ја уценуваат“, вели извор близок на пејчката и открива какви закани добила.
„Таа добиваше пораки дека треба да плати данок, до тоа дека ќе објават се за неа. Тијана не одговараше на тие пораки но е во шок. Дури и пишуваа дека може да се договорат околу парите или инаку ќе ги објват нејзините голи фотографии. Ги блокираше тие луѓе, и засега не сака да пријави во полиција, но ако продолжат ќе мора“, тврди изворот.