Мегафон

Промоција на новиот албум на Благој Блаж – Мaротов

Промоција на новиот албум на Благој Блаж – Мaротов

Познатиот музичар, композитор и пејач Благој Блаж – Маротов ќе одржи промоција на неговиот албум насловен како „Среќа барам“ на која рабтеше две години.

Промоцијата е закажана за 12.08.2021 во ресторанот „Equilibrium“ со почеток во 20 часот.

На албумот ќе се најдат седам нови седум нежни џентлменски песни, во кои провејува Љубовта како главна тема, медитеранскиот, но и латино дух и пред се духот на македонскиот шлагер и евергрин, на кој овој мултиталентиран уметник е посветен целиот свој живот, преку своите инструменти и својот глас.

На средбата ќе бидат изнесени сите детали околу создавањето на песните и спотовите на овој албум.

Инаку, Песната “Роман за нас” минатата година го достигна максимумот во обожаваност  кај публиката, а во чекор ја следеше и латино песната “Бенг, бенг”.

Ова лето со засилено темпо авторот и изведувач ги испеа ” Прекрасен ден”, “Налеј една”, “Ти си таа” и “Еј среќо” , но направи и нова верзија на “Не е љубов тоа”.

 

To top