Радио Милева

Славниот актер фотографиран со 20 години помлада девојка: Се развел пред само 6 месеци, а веќе ја заборавил поранешната сопруга

Славниот актер фотографиран со 20 години помлада девојка: Се развел пред само 6 месеци, а веќе ја заборавил поранешната сопруга

Славниот актер Рон Перлман (71) во петокот шетал по улиците на Лос Анџелес држејќи ја за рака новата двојка која 20 години е помлада од него.

Да ве потсетиме, во февруари годинава Рони се развел, па сега може повторно да стапи во брак со својата 20 години помлада избраничка Алисон Дунбар.

Тој бил во процес на завршување на бракот со Опал Перлман (69) откако поднел барање за развод во ноември 2019 година, а пред тоа заедно во брак биле цели 38 години.

Рон и Алисон сега биле фотографирани додека шетаат, а таа за таа прилика носела летен фустан кој совршено ги истакнувал нејзините нозе, а сето тоа дополнително го нагласила со црните потпетици.

Рон изгледал полежерно, со црна кошула со кратки ракави, како и сиви фармерки.

Инаку, парот во текот на минатата недела го прославил и 49-от роденден на Алисон во мексикански ресторан.

To top