Радио Милева

Заработува над 18.000 евра месечно, но не може да си најде момче: „Очајна сум и ме фрустрира тоа, ме ‘откачуваат’ штом дознаат што работам“

Заработува над 18.000 евра месечно, но не може да си најде момче: „Очајна сум и ме фрустрира тоа, ме ‘откачуваат’ штом дознаат што работам“

Аманда Сомер дала отказ како стјуардеса за да продолжи со моделинг на еротската платформа OnlyFans. Аманда преку таа платформа заработува преку 15.000 фунти (околу 18.000 евра).

Но, поради тоа страда нејзиниот љубовен живот. Таа за „The Sun“ раскажала дека последните тројца мажи со кои била на состанок едноставно прекинале секаква комуникација со неа кога дознале дека прави содржини за „OnlyFans“.

„Слушнав за OnlyFans и ми се допадна идејата. Одличен начин да заработите пари и притоа мојот дечко не ни знаеше што правам. Кога дозна, ми рече дека практично го изневерувам на тој начин. Но, за мене, тоа е само начин да се заработат пари, ништо повеќе“, вели Аманда.

Добила ултиматум – работа или дечко. Аманда одлучила да продолжи да работи како модел и да го напушти своето момче. Но, дури сега наишла на проблеми. Сите со кои започнала да излегува, за кратко време раскинувале со неа, бидејќи не можеле да го поднесат фактот дека нивната девојка работи како модел за OnlyFans.

„Тоа навистина ме фрустрира. Кога барем би биле малку поотворени за она што го правам и како ги заработувам своите пари“, вели Аманда.

Таа тврди дека и мажите знаат да бидат љубоморни бидејќи генерално заработуваат помалку од неа. Тврди дека човекот од нејзините соништа е некој како Илон Маск или Бил Гејтс, односно милијардер.

Никогаш не би можела да биде со некој што го запознала преку OnlyFans, го сака класичниот начин на додворување, во моментов кога се чувствува многу осамено.

To top