Никол Шерцингер (43) важи за една од најзгодните жени светот. А, тоа го докажале и најновите фотографии кои папарацо фотографите ги направиле во Лос Анџелес пред неколку дена.
Имено, папарацо фотографите ја „уловиле“ Никол која била облечена во тесен сив фустан во кој пејачката изгледа брутално.
Никол носела сив, тесен фустан до колена кој бил украсен со сиви ланци.
Фустанот кој го откривал нејзиното длабоко деколте од една страна одлично ѝ прилегал на пејачката која полека ја „гази“ петтата деценија од животот.
На Никол косата ѝ била пуштена со минијатурни локни, а сите ги засенила со својата блескава насмевка.
На нозете носела сребрени потпетици коишто напред биле отворени. А, од накит носела голем дијамантски прстен и обетки.
Дали ви се допаѓа?