Пејачката Емина Јаховиќ наводно се смирила со нејзиниот поранешен партнер Садатин Саран.
Наводно, тој и се јавила на пејачката кога слушнал дека има семејни проблеми, па повторно се зближиле после еден состанок во ресторан во Истанбул од кој заминале кога почнал да се полни за да никој не ги препознае и фотографира.
„Емина и Садатин прво се слушнаа преку телефон, па закажаа состанок. Се видеоа во еден ресторан каде што и претходно се гледаа, па Емина му кажа низ какви проблеми поминува поради Мустафа. Му раскажа дека тој подолго време не плаќа алиментација. Често прашуваат зошто нивниот татко не доаѓа, а таа им обајснува дека има премногу обврски иако се скараа последен пат кога се видеа. Со Садатин разговараа околу два часа, вечераа, но кога ресторанот почна да се полни, тој ја плати сметката, па заминаа заедно со неговиот автомобил“, вели изворот.
Наводно, отогаш Емина и Мустафа се во контатк, но не се сретнуваат на јавни места за да турските таблоиди не ги фоторафираат.
„Претходната недела Садетин беше виден во маалото на Емина, но се задржа околу 10 минути бидејќи соседи го забележаа. Брзо си замина, за да некој од новинарите не добие дојава, сега се кријат и се слушат преку телефон. Таа сега никаде не зборува за тоа, туку појавувањето во медиумите го користи за да зборува за Мустафа“, вели изворот.
Турскиот музичар Мустафа Сандал неодамна за медиумите изјави дека не е точно дека не се грижи за синовите, но избегна да зборува за Емина.
фото: aта имагес/инстаграм