Животот на српската пејачка Наташа Беквалац е еден од најинтригантните и најинтересните на српската јавна сцена.
Поради нејзиниот приватен и професионален живот таа е магнет за медиумите.
Токму и поради тоа, една продуцентска куќа се заинтеренсирала да се сними реално шоу во кое се видат сите детали од животот на пејачката.
Како што пишува ало.рс, снимањето може да започне во септември, а за емитувањето се заинтеренсирани неколку телевизии.
„Наташа и нејзината сестра Кристина со воодушевување ја прифатија понудата. Добро е познато колку Наташа е духовита во медиумите, а изјавите кои ги дава брзо се прошируваат по социјалните мрежи“, вели изворот и додава:
„Идејата за реалити кој ќе биде насловен како „Беквалчеве“ дојде благодарение на честите духовити ситуации кои Наташа ги споделува во видео снимки или фотографии“, вели изворот.
Во реалната програма нема да биде вклучена само Наташа Беквалац, туку и целото семејство.
„Ќе учествуваат сите членови на поширкото семејество на Беквалац. Нејзината мајка Мира веќе ги освои симпатиите на фановите, па една од идеите поголемиот дел од просторот да се додели на неа, нејзините животни мудрости и начинот на кој таа ја трпи популарноста на нејзината ќерка“, вели изворот за ало.рс
Неодамна, Кристина Беквалац истакна дека за реалните шоуа мисли се најдобро, но и дека финансиите се пресудни за да се случи еден ваков проект.
„Немам ништо против реално шоу, јас сум за тоа и немам проблем со камери. Мислим дека нашиот живот е интересен и немам проблем да споделам со луѓето тоа што се случува во нашите животи. Така, ако некој понуди доволно пари, може и ќе се случи некое реално шоу“, изјави Кристина.
фото: Инстаграм/марко вулевиќ/