Мегафон

Битолскиот театар учествува на фестивалот на античка драма во „Стоби“

Битолскиот театар учествува на фестивалот на античка драма во „Стоби“

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола утре вечер ќе настапи на интернационалниот фестивал на античка драма што се одржува во археолошкиот локалитет „Стоби“.

Битолските актери ќе ја одиграат претставата „Бакхи краток преглед на распадот“ од Еврипид, а во режија на сега веќе покојниот режисер Игор Вук Торбица.

–Со настапот во „Стоби“ битолскиот театар ја заокружува театарската полусезона во која подготви 4 премиерни претстави и тоа „Ноќта кога ја убив месечината“ во режија на Марјан Ѓорѓиевски, „Молитва по Достоевски“ музички перформанс по идејата на Валентин Светозарев, „History of motherfuckers“ по Кориолан од Вилјам Шекспир во режија Андраш Урбан и „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски.

Во оваа полусезона НУ Народен театар-Битола гостуваше на Шекспир Фестивал во Србија и Охридско лето, а завршува во Стоби со „Бакхи краток преглед на распадот“

извор: Курир.мк/миа

To top