Koртни Кардашијан (42) со најновата фотографија на социјалните мрежи покажа зошто членовите на семејството Кардашијан ја нарекуваат „најприродна сестра“.
Имено, Кортни објави нови фотографии и откри дека последните десет дена ги поминала во карантин. Имено, Кортни објави фотографија на која позира во одраз на огледало само во бањарка под која не носи долна облека, а зад неа стои нејзиното момче, тапанарот Тревис Баркер.
Кортни сакаше да покаже што правела таа и нејзиното семејство за време на изолацијата, па можете да забележите дека се потстрижала, дека гледала филмови, уживала во својот двор, но најмногу внимание привлече тоа што позираше топлес.
– Десет дена карантин …- напиша таа во описот на објавата, а нејзиното момче веднаш одговори во коментар
– Десет дена со тебе.
Парот не се срами да ја покаже својата љубов во јавност, но некои фанови велат дека некои работи треба да ги остават за во приватност.