Раперот Стефан Ѓуришиќ Раста моментално се одмара во Црна Гора со згодната црнка Мартина Анѓелковиќ за која многумина тврдат дека е неговата нова девојка, пишуваат српските медиуми.
Наводно, тие се појавиле заедно во една дискотека во Будва во која настапувал раперот.
Како што се наведува, Стефан и Мартина во клубот пристигнале со комбе во кое се наоѓал целиот негов тим.
„Со Раста имаше неколку момци кои го следат на неговите настапи, младата раперка која се претставува со уметничкото име Ме викаат Кали, како и Мартина. Кога влегуваа во дискотетеката, Мартина беше веднаш зад Раста. Во бекстејџ цело време се шегуваа и фотографираа, а таа сите фотки ги објави на социјалните мрежи“, вели извор кој бил на местото на настанот.
Тој додава дека Мартина цело време била на сцената додека раперот настапувал.
„Го гледаше и играше на неговите песни, а тој често се свртуваше кон неа. Не разменуваа нежности во јавност, па никој не може да тврди дека се заедно, но изгледаше како да има нешто меѓу нив“, вели изворот за Информер.
Интересно е што Раста и Марина се одмараат во иста вила. Соседите велат дека ги виделе неколку пати.
„Раста и Мартина спијат во иста куќа која тој ја изнајми додека е на турнеја во Црна Гора. Таа не крие дека е блиска со него, на Инстаграм објави фотографии на кои се гледа како со другарка му прави јадење. Потоа го снимаше додека е со другарите на плажа. Баш се блиски, а времето ќе покаже дали има љубов или не“, вели извор за медиумите.
Потсетуваме, неодамна Раста го поврзуваа со пејачката Наташа Беквалац со која и сними дует, а наводно неговата поранешна сопруга се налутила на Раста зошто снимил песна со нејзината колешка кога тој требало на неа да и го прави новиот албум и да снимаат заедничка нумера, па наводно Николиќ ја блокирала Беквалац на социјалните мрежи.
фото: душан миленковиќ/рас србија/инстаграм/раста