Радио Милева приватен детаљ

Ретко споделува приватни моменти: Сања Савеска на романтична прошетка со момчето – „Место кое едноставно сакаш да посетиш повторно“

Ретко споделува приватни моменти: Сања Савеска на романтична прошетка со момчето – „Место кое едноставно сакаш да посетиш повторно“

На почетокот на јули заврши 6-та сезона на познатото кулинарско шоу „Брза кујна“, а на Сител телевизија имате прилика да ги гледате репризните изданија.

Новата водителка Сања Савеска, заедно со добро познатиот тим на готвачи шеф Марк и шеф Никола одлично се вклопи,  а истата екипа продолжува со нови емисии од септември.

Сања освен на ТВ екраните пред камерите, е активна и на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии и тоа најчесто од студиото на „Брза кујна“.

Кога пак станува за нејзиниот приватен живот, не е премногу активна, но понекогаш знае да сподели по некоја фотографија и да открие детали од приватноста.

Водителката ужива во својата љубовна врска со Тони, а сега двојката заедно ужива и на одмор.

Имено, Сања на својот „Инстаграм“ сподели неколку фотографии од нивната прошетка на тврдината  Паламиди која се издгинува на 215 метри над морето и до неа водат 999 скали.

„Денес можеби најромантичната тврдина од чиј поглед застанува здив. Место кое едноставно сакаш да го посетиш повторно“, напиша водителката покрај неколку фотографии.

Савеска е облечена во бел летен фустан во комбинација со летни, ниски сандали, а додека нејзиниот партнер е во бела мајца и шорцеви, па еден покрај друг изгледаат како пар од серија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Saveska 🌺 (@sanja_saveska)


Инаку, таа во едно интервју откри дека нејзиното слободно време го поминува со партнерот Томи.

„Секој слободен момент го користам да бидам со мојот партнер Томи кој е моја поддршка во се’ што работам. Сакаме многу да шетаме во природа,но и да се возиме на мотор. Во старата реалност сакавме да посетуваме концерти и театарски претстави. Секогаш покрај себе имам добра книга, а голем дел од слободното време го поминувам со моите внуци Матеја и Михаил од кои ја добивам најчистата љубов и енергија“, изјави Савеска

Потсетуваме, Сања дојде на местото на Александра Илиевска која замина на породилно отсуство и во јануари оваа година ја доби  ќерката Сара.

фото: инстаграм/сања савеска

To top