Велат дека секој најубаво се чувствува кога е дома, а кога просторот е уреден по мерак, особено дворот –тогаш тоа е вистинско уживање за секого.
Андријана со сопругот и двете синчиња живее во скопско Бардовци каде имаат куќа со двор кој е прекрасен парк со многу зеленило, цвеќиња и уникатна декорација од екстериерот.
Пејачката досега неколку пати покажа како изгледа надворешниот дел од домот, а многумина би посакале вакво нешто.
Со оглед на тоа дека во полн ек се летните одмори, а надвор владеат пеколни температури, повеќето познати уживаат некаде на плажа, покрај море, езеро, базен или на некоја луксузна и егзотична дестинација, Андријана Јаневска парче од рајот го има токму во својто дом.
Пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од својот дом и го покажа нејзиниот двор исполнет со желенило, цвеќиња….
Нема сомнеж дека Андријана тука ужива по долг, работен и напорен ден, а не мораш да бидеш на некоја егзотична дестинација за да се релаксираш и да уживаш.