Радио Милева се е океј

Бившиот на Емина Јаховиќ се огласи откако пејачката поднесе тужба против него и го обвини дека не плаќа алиментација: „Што и да кажам, погрешно ќе ме разберете“

Бившиот на Емина Јаховиќ се огласи откако пејачката поднесе тужба против него и го обвини дека не плаќа алиментација: „Што и да кажам, погрешно ќе ме разберете“

Поранешниот сопруг на Емина Јаховиќ, Мустафа Сандал, ја откри каков е нејзиниот однос со пејачката откако таа го тужеше за неплаќање алиментација.

По разводот со Емина Јаховиќ, турскиот пејач Мустафа Сандал влезе во љубовна врска со 20 годни помладата бизнисменка Мелис Сутсуруп, а има судски спор со неговата поранешна сопруга.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mustafa Sandal (@mustafasandal24)


Имено, Емина неодамна го тужеше поранешниот сопруг за неплаќање алиментација, а Мустафа во интервју за турските медиуми откри каква е нивниот однос.

– Што и да кажам, може погрешно да разберете. Така простете ми. Сепак, она што сакам да го истакнам е фактот дека Емина е мајка на моите деца, и јас многу ја почитувам. Што се однесува до синовите, јас сум секогаш тука за нив. Ги носам во училиште за сурфање, играме разни игри. Поминуваме квалитетно време заедно. Се е како што треба – изјави Мустафа, пренесува „Hello“

Тој откри и дали сепак останале пријатели, но бил доста скржав со зборови кога станува збор за неговиот приватен живот.

– Како што реков, таа е мајка на моите деца.Не очекувајте да кажам нешто што може да ја навреди неа или нашите синови – додаде тој, пренесуваат споменатите медиуми.

По разводот, нивните синови Јаман и Јавуз припаѓаа на Емина, а Мустафа откри дали и колку често ги гледа децата.

 – Немаме проблем со тоа, лесно се договоривме. И двајцата правиме се што е потребно за да ги задоволиме нашите деца. Се гледаме многу често – рече тој за турските медиуми.

фото: дејан бриза/рас србија/ чем талу

To top