Радио Милева скопска релаксација

Парот од „Ѕвездите на Гранд“ , Елена и Гуте уживаат во летна авантура на ова скопска дестинација (фото)

Парот од „Ѕвездите на Гранд“ , Елена и Гуте уживаат во летна авантура на ова скопска дестинација (фото)

Македонската пејачка Елена Миленковска и нејзиниот сопруг Гуте Маринковиќ се добри познати на јавноста по нивното учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Токму во ова шоу се роди и љубовта меѓу двајцата натпреварувачи, а потоа Елена и Гуте нивната љубов ја крунисаа со брак, а во јуни претходната година го добија и синот Максим.

Двојката ужива во нивната љубов и заеднички живот, а често на социјалните мрежи споделуваат заеднички фотографии покажувајќи како го поминуваат времето, како го воспитуваат наследникот или пак си посветвуваат емотивни пораки еден на друг.

Елена и Гуте иако живеат во Белград, секојпат кога имаат прилика доаѓаат и во Скопје. Со оглед на тоа што е летна сезона и почнуваат одмори, повеќето познати уживаат некаде покрај езеро, море на плажа, разголени во бикини издание и покажувајќи ги своие облини со помалку облека на себе.

Елена и Гуте овие денови уживаа и се релаксираат во Скопје. Имено, Елена на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која заедно со сопругот уживаат во кајакарење на скопската туристисчка атракција  –  Матка.

„Најдете го вашиот внатрешен мир и исцелете ја душата“, напиша пејачката покрај неколкуте фотографии.

Нема сомнеж дека тие уживаат во друштво еден на друг, па колку и надвор да е топло и да „врие“. Инаку, Елена и Гуте важеа за омилената двојка од „Ѕвездите на Гранд“, а пејачката кога остана бремена го напушти музичкото шоу, па повторно се врати претходната сезона и испадне пред финалето. Дали повторно ќе ја видиме на сцената на „Гранд“ останува да видиме.

To top