Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ често знаат да бидат на мета на медиумите посебно кога станува збор за нивниот приватен живот.
Така, пред еден месец се пишуваше дека нивниот брак е пред развод. По тој повод, двојката не се огласи, но сега со едно заедничко видео ги демантираа овие пишувања и покажаа дека нивната љубов цвета.
Александра и Филип беа заедно на еден настап на нивниот пријател и колега Саша Матиќ. Во оваа прилика, Прија забележа еден емотивен момент и го објави на социјалните мрежи.
Имено, Александра објави видео на кое се гледа како ужива во прегратктие на Филип додека тој ја бакнува во вратот.
Во позадина одеше песната „Анџео чувар“ од Саша Матиќ, а пејачката не ја тргнуваше насмевката од лице.
фото: принтскрин/инстаграм/александра пријовиќ