Радојка Аџиќ позната како Дара Бубамара важи за една од омилените сосетки во нејзиниот крај Нови Сад.
Екипата на курир.рс го посетиле крајот каде што живее пејачката, а како што велат нејзините соседи, Дара се уште е во врска со Тони, тие откриле дека таа често патува, но и дека своето слободно време го посветува на синот.
„Дара е супер. Кога ќе дојде секогаш е весело. Често знае да ги насмее сите во дуќанот“, вели Милан, вработен во маркет кој се наоѓа покрај зградата каде живее пејачката.
„Таа ќе дојде во нашата продавница како и секој обичен човек, опуштена, облечена, најчесто без шминка. Често носи големи очила за сонце, но без оглед на тоа сите ја препознаваат. Најчесто купува попладне, некогаш доаѓа и со синот. Кога ќе излезам на пауза често ја гледам како трча на сите страни, пакува едни торби, а други ги вади од автомобилот. Понекогаш кога децата се играат на улица, таа ќе влезе кај нас ќе им купи сокови и слатки, па ќе им ги раздели. Тоа не го прави заради медиумите, освен ние вработените за тоа никој и не знае. Слушнав дека доаѓа да пазарува и за нејзиниот татко. Го гледам често и нејзиното младо момче кога излегуваат заедно од зградата“, вели Милан.
Автомобилот на пејачката бил паркиран пред самиот влез на нејзината зграда. Дара не користи паркинг место и гаража, а нејзините соседи велат дека тоа не им пречи бидејќи го прифатиле тоа.
„Таа е океј жена, секогаш е насмеана и љубезно не поздравува. Често ја гледам кога е во Нови Сад. Ќе застане и ќе позборува со нас. Неодамна се врати од одмор. Фала му на Господ се врати на време бидејќи беше во истиот хотел во кој беше и Јелена Карлеуша која ја евакуираа поради силниот пожар. Потполно е нормална, како и сите има своите предности и недостатоци. Синот многу добро е воспитан. Знае да се поздрави, да ја држи вратата кога влегуваме или излегуваме, многу фино дете. Дара знае да биде и откачена, секогаш знае да каже нешто што ќе насмее“, вели сосетка на Дара која сакала да остане анонимна.
Вработените во кафулето во населбата на пејачката се воодушевени од Дара. Таа често знае да оди таму, но и да им остави бакшиш на келнерите.
„Дара е супер, цар. Ја гледаме во разни изданија. Некогаш доаѓа во папучи и шалвари, без шминка. Ќе ги стави огромните очила за сонце и ќе седне во дворот. Кога е во градот доаѓа секој ден, некогаш и по неколку пати. Најчесто доаѓа сама штом ќе стане, ужива во својот мир, синот се игра со децата, а таа одмара. Нема ни малку суета во себе, не е арогантна. Глупо е да кажам колку троши, но секогаш остава добар бакшиш“, вели една келнерка која редовно ја служи Дара.
фото: зорана јевтиќ/курир.рс/инстаграм