Радио Милева со помин нека е

Миа Костова на одмор во Албанија доживеа непријатност: „Вакво нешто ни на душман не му посакувам“

Миа Костова на одмор во Албанија доживеа непријатност: „Вакво нешто ни на душман не му посакувам“

Поранешната македонска водителка, а сега Инстаграм инфлуенсерка Миа Костова ова лето го поминува надвор од Македонија.

Имено, Миа уште на стартот на летниот период е во Албанија каде што покрај тоа што  одмара  е дел од маркетинг тимот на „Havana Beach“.

Костова е активна на социјалните мрежи и речиси секојдневно објавува фотографии покажувајќи како си го поминува времето во Албанија. Но, како вистинска инфлуенсерка таа споделува и препораки, совети, одговара на прашањата на нејзините следбеници кои се интеренсираат за летен одмор во Албанија.

Меѓутоа, деновиве Костова доживеа непријатност која и го поремти одморот. Имено, како што откри во кусите приказни на Инстаграм, таа добила инфекција на уво и имала ужасни болки, дури истакна дека тие болки биле „посилни од породување“.

„Пливав во базен и почувствував дека имам вода во увото, направив се’ што можев да се спасам, но почна ужасно да ме боли утредента. Почнав со сите иљачи све што знам и слушнав одеше само кон полошо. И еве сега веќе сум канта 5 дена. Со надеж да почнам да се оправам да не полудам покрај увово. Шала на страна, боли повеќе од пораѓај“, напиша Костова, па потоа откри дека се чувствува подобро.

„Мислам дека оди на подобро. На душман не посакувам инфекција на уво. И еден мал совет, особено сега кога се оди по одмори, строго би забранила гњурење во базени, среќа што го изедев јас, а не Андрија“, напиша Миа.

Инаку, Костова истакна дека во Скопје се враќа после 5.09, но не знае кога точно кога.

Се надеваме дека набрзо ќе и помине болката со увото и повторно ќе ужива на плажа. Со помин нека е!

фото: Инстаграм/миа костова/миаандрија

To top