Недостатокот на музички настапи се покажа како фатален за иднината на некогаш ултрапопуларната бугарска пејачката Гергана. Поранешната поп-фолк sвезда која настапуваше и низ Македонија, па и во Скопје во тогаш популарната дискотека МНТ, цицлестата барбика која го одземаше здивот, денес е потполно непрепознатлива.
По неколку обиди да се врати на врвот, русокосата пејачка се преквалификуваше во продавачка, дознава бугарски Викенд од нејзини колеги. По разделбата со најголемата бугарска продукциска куќа „Паинер“, пејачката на „Те губам полека“ остана без ангажмани и почна да бара други начини за да живее.
Гергана моментално работи во голем ланец продавници за храна. Клиентите на супермаркетот во централниот кварт на Софија не се ни посомневале која е русокосата која ги услужувала. Гергана ставала цени на прехранбените продукти без да се грижи дека некој може да ја препознае.
Поранешната фолк sвезда се подготвува да биде менаџер на продавница, па се стекнува со искуство минувајќи низ сите нивоа во хиерархијата.
Пред да стане продавачка, таа кратко работеше во музејот „Земјата и луѓето“. Пред 6 години пејачката завршила геологија на универзитетот во Софија, но нејзината љубов кон карпите и минералите никогаш не станала нејзина професија.
Фото: Инстаграм принтскрин/gergana_official