Радио Милева од сабале на плажа

За утринско расонување: Вака и стартува денот на Вера Мештеровиќ (видео)

За утринско расонување: Вака и стартува денот на Вера Мештеровиќ (видео)

Некогашната македонска мисица и манекенка, од улоги во спотови, реклами и ангажмани за разни козметички и модни етикети, Вера Мештеровиќ од неодамна има и нова професија – стана ТВ водителка на утринската програма „Здраво Македонијо“ на Канал 5.

Вера одлично се снајде пред телевизиските камери, но  и пред објективот на нејзиниот телефон пред кој знае често да се фотографира и да ја покаже својата убавина, а фановите да ги почести и со некоја разголено селфи со кое го покажува својот сексапил.

Летните одмори се во полн ек, а македонските дами позираа во бикини откривајќи ја својата телесна убавина.

Водителката деновиве ужива на одмор во Грција, па наместо утрото да и започне пред ТВ екраните во утринска програма и започнува на плажа – со утринска терапија покрај море.

Имено, Мештеровиќ на својот „Инстаграм“ објави видео на кое се снимаше во бикини од глава до пети и тргна да оди да се сонча од раните утрински часови.

„Добро утро“, напиша таа покрај објавата на видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Mesterovic (@veramesterovic)

Ако денот по утрото се познава, тогаш несомнено мисицата ќе ужива на сонце, ќе ги наполни батериите, а на работа ќе се врати одморена и полна со енергија за работните денови.

To top