Лука Лазукиќ,сопругот на пејачката Наташа Беквалац, во 2011 година предизвикал инцидент во Њујорк, по што добил трајно забранет пристап во САД.
Имено, Лазукиќ пред седум години е уапсен во Њујорк откако претепал американски државјанин во еден клуб, пишува српски Блиц.
Лука тогаш е приведен и во полиција поминал 48 часа, по што е депортиран во Србија со изречена казна за трајна забрана за влез.
Како што пишува медиумот, до инцидентот меѓу Лука и споменатиот Американец дошло поради девојка која била во негово друштво, а Лука настојувал да игра со неа по што се случил инцидентот.